Платежни картички
Visa
MasterCard
Сигурност на картичките
Visa/MasterCard E-commerce
Упатство за користење
Промена на ПИН код
Вести
СООПШТЕНИЕ
25.06.2010 година
16.03.2010 година
18 Maj 2010 година. ВАЖНО!
22.02.2010 година
03.02.2010 година
ОГЛАС
Скопје, 04.01.2010 година

   Архива на вести

Платежни картичкиVisa/MasterCard E-commerce

VISA И MASTERCARD WEB E-COMMERCE

Следејќи ги потребите на коминтентите, ИК БАНКА воведе нова услуга E-commerce (плаќање преку интернет) и е првата Банка во Република Македонија која ја нуди оваа услуга за сите иматели на VISA и MasterCard картички.

Што значи e-commerce

Е-commerce значи купување и продавање на производи и услуги по пат на интернет и еден од најнапредните сервиси за купување на производи и услуги по пат на интернет во Европа и пошироко. ИК БАНКА оваа услуга ја имплементираше преку новиот безбедносен систем кој Visa International го разви - Verified by Visa (VbV) и  MasterCard International – Master Secure Code.

Како функционира VbV и Master Secure Code

Verified by Visa и Master Secure Code системите се глобални програми дизајнирани да го направат on-line шопингот побезбеден и посигурен за купувачите и трговците. Verified by Visa и Master Secure Code ја зголемува довербата на купувачот во on–line купувањето охрабрувајќи ги дека VISA и MasterCard, Банките и трговците работат заедно на начин да обезбедат сигурно on-line купување.

За корисникот на картичката

Поволности за клиентите кои ја користат оваа услуга

-  Онлајн купувањето (on-line shopping) пред се ви штеди време и пари, бидејќи сите плаќања кои морате да ги вршите на лице место кај одредени продажни места, одсега истото ќе можете да го вршите од својот дом или од било каде доколку имате интернет пристап со Вашата VISA и MasterCard дебитна или кредитна картичка;                                                           
-   Купувањето преку интернет пред се ви нуди голем избор на производи и услуги, како и можност да ги споредите цените на исти или слични производи што се нудат кај различни трговци;
-   Производите кои сте ги нарачале преку веб продавницата на Ваше барање може да Ви се испорачаат до Вашиот дом, работа или онаму каде што сакате;   
-  Сите он-лајн продавници овозможуваат да се регистрирате и да креирате своја лозинка со која можете понатаму безбедно да ги користите услугите кои ги нуди овој сервис.
Како функционира оваа услуга
-  Доколку сакате да купите некој производ, ја отварате веб продавницата на трговецот и  ви се отвара каталог на производи кои трговецот ги нуди за web shop;
-   Откога ќе го селектирате саканиот производ/производи го избирате начинот на плаќање т.е. со каква картичка ќе го извршите плаќањето;
-   Избирате VISA или MasterCard потоа веднаш ќе бидете префрлени на веб страната на КАСИС (Cpay) каде што ќе ги пополните бараните податоци за платежната картичка (број на картичка, дата на важење на картичката, cvv2) за извршување на процесот на трансакцијата;
-    По неколку секунди добивате повратна информација дали Вашата трансакција е одобрена или не;
-    Доколку трансакцијата е одобрена на екранот ќе ви се појави авторизацискиот број на трансакцијата, како и порака дека трансакцијата е успешна и во кој временски интервал производот ќе ви биде испорачан на Вашата адреса;
-    По завршувањето на процесот на трансакцијата, следниот работен ден Вашата картичка ќе биде задолжена за износот за кој се што сте го купиле производот.

За трговецот

E-commerce му овозможува на трговецот практично и сигурно тргување, но и други предности:

Помали трошоци

Трошоците за отворање на Интернет продажно место се значително пониски од трошоците потребни за отворање на “физичко” продажно место, бидејќи трговецот кој врши продажба на своите производи преку Интернет е ослободен од вообичаените и реални инвестиции, и тоа:
-   Изградба/наем, уредување и одржување на продажен простор   
-   Инвестиции од техничка природа (не е потреба инсталација на греење, спроведување на струја, вода, поставување на каси за плаќање и сл...)
-   Продажен персонал                                                                                                
-   Режиски трошоци                                                                           
-   Намалени трошоци за набавка, дистрибуција и испорака на производи и услуги
-   Промоцијата на производите и услугите е ефективна благодарение на извонредниот маркетинг кој го нуди (on-line продажбата)

Поголеми приходи

-  Работното време на web продавницата е 24/7/365
-  Поголем опсег на купувачи – купувачите можат од било кој дел на светот да ги извршуваат плаќањата со VISA и MasterCard картичките издадени од било која банка во светот, сето ова на трговците им нуди можности за глобално тргување
-  Поголема достапност на веб продавницата за купувачите, во однос на физичката локација на продавницата
- по пат на рекламни линкови на најпосетуваните веб страници
- по пат на веб пребарувач

Сигурност и безбедност при on-line купување

Вашето on-line купување ќе биде безбедно и сигурно доколку ги следите следниве совети: 
Купувајте преку трговци за кои знаете дека се угледни и веродостојни.
Чувајте запис од Вашите интернет трансакции, вклучувајќи ја web страната на трговецот. Многу on-line продавници им праќаат на своите клиенти  e-mail пораки во кој се вклучени сите детали околу купувањето – зачувајте ги овие маилови и испринтај те ги.
Пред да извршите купување прочитајте ги политиките за испорака и враќање на производот/услугата кој може да ги најдете на  web страната на трговецот. Во случај да сте незадоволни од производот/услугата дали истите можат да биадт вратени назад? Доколку се дефектни дали може да добиете поврат на средствата?
Web страната на трговецот треба да има и информации за условите на испорака и трошоците.
Побарајте дали има телефонски број или e-mail адреса и запишете ги во случај да имате некои прашања.

Потребна документација:

Барање за инсталирање на ПОС терминал
Прашалник за Трговецот за услугата e-commerce

On-line продавници:

www.shopping.tim.com.mk
www.ex.mk
www.vip.mk
www.sunwireless.com.mk
www.mkhost.com.mk
www.humanost.org.mk
www.exploringmacedonia.com
www.trimaks.com.mk
www.doma.com.mk
www.avtozona.mk
www.kupi.se
www.dino.com.mk
www.server.com.mk
www.parknow.mk
www.kulturnariznica.mk 
www.euroturist.com.mk
www.emimedia.mk
www.d.tiktak.me
www.nutrivita.mk


 

03.09.2010
eurкуповен 61,35среден 61,66продажен 61,80usdкуповен 47,35среден 48,10продажен 48,85chfкуповен 46,85среден 47,60продажен 48,00gbpкуповен 73,00среден 74,04продажен 75,10