Работа со правни лица
Депозити
Кредитирање
Платен промет во земјата
Кредитни линии
Гаранциско работење
Кредитно барање
Вести
СООПШТЕНИЕ
25.06.2010 година
16.03.2010 година
18 Maj 2010 година. ВАЖНО!
22.02.2010 година
03.02.2010 година
ОГЛАС
Скопје, 04.01.2010 година

   Архива на вести

Работа со правни лицаХартии од вредност

хартии од вредност

Извозна и Кредитна Банка АД Скопје учествува на аукциите на државни хартии од вредност (државни записи и обврзници) во свое име и за сметка на индиректните учесници - домашни и странски правни и физички лица.

Заради ефикасно вклучување на Банката во прибирање на барања од комитентите и учество на аукциите на државни обврзници во прилог Ви проследуваме:

1. Календар на државни хартии од вредност
2. Образец - Барање за купување на државни хартии од вредност Ф.К.7.5.1.8.1
3. Резултати од аукции на државни обврзници

Доколку комитентот е нерезидент потребно е да отвори сметка во Централниот депозитар за хартии од вредност.

Комитентот ги пополнува сите барани податоци во Образецот Барање за купување на државни хартии од вредност (доколку во проспектот за аукција на државни хартии од вредност е наведено: тендер со каматни стапки - американски тип, тогаш комитентот сам се одлучува која каматна стапка ќе ја наведе во барањето), го потпишува барањето и уплаќа согласно Одлуката за тарифа на надоместоци на услугите што ги врши Извозна и Кредитна Банка АД Скопје: 300,00 денари за поднесување на барањето и дисконтиран износ на државните хартии од вредност што сака да ги откупи.

Доколку понудата на комитентот е успешна, му се пресметува провизија во висина од 0,10% од номиналниот износ на државните хартии од вредност се одзема претходно уплатената провизија од 300,00 денари, a разликата комитентот ја уплаќа на сметка на Банката. По реализацијата на понудата Банката на комитентот му подготвува Договор за купување на државни хартии од вредност Ф.К.7.5.1.8.2.

Ако понудата на комитентот е неуспешна, тогаш Дирекцијата за средства, ликвидност и тргување го враќа уплатениот дисконтиран износ на хартии од вредност на сметката на комитентот наведена во барањето (уплатената провизија за поднесување на барање во висина од 300,00 денари не се враќа - оваа провизија е за поднесување на барањето од страна на Банката).

Дисконтираниот износ на државните хартии од вредност аедно со провизијата за посредни~ки услуги комитентот треба да го уплати на сметка на Извозна и Кредитна Банка АД Скопје 270-000000100185 најдоцна еден ден пред денот на оджување на аукцијата

     * повикување на број 100100200-0160
     * цел на дознака - купување на државни хартии од вредност  

На денот на доспевањето, Дирекцијата за средства, ликвидност и тргување номиналните износи на државните хартии од вредност ги уплатува на сметките на комитентите сопственици на државните хартии од вредност.

За сите дополнителни информации и појаснувања Ве молиме да се обратите во Дирекцијата за средства, ликвидност и тргување Кристина Толевска тел. ++ 389 2 3250-917 и Ирис Колариќ тел. ++389 2 3250-914

03.09.2010
eurкуповен 61,35среден 61,66продажен 61,80usdкуповен 47,35среден 48,10продажен 48,85chfкуповен 46,85среден 47,60продажен 48,00gbpкуповен 73,00среден 74,04продажен 75,10