Платежни картички
Visa
MasterCard
Сигурност на картичките
Visa/MasterCard E-commerce
Упатство за користење
Промена на ПИН код
Вести
ОГЛАС
СООПШТЕНИЕ
25.06.2010 година
16.03.2010 година
18 Maj 2010 година. ВАЖНО!
22.02.2010 година
03.02.2010 година
ОГЛАС
Скопје, 04.01.2010 година

   Архива на вести

Платежни картичкиУпатство за користење

Упатство за користење на Visa/MasterCard платежните картички на ИК Банка

Со Вашата Visa/MasterCard платежна картичка можете:

  1. Да подигате готовина од банкомати во земјата и странство 24 часа дневно

    Подигањето на готовина со Вашата VISA/MasterCard/Maestro картичка не е лимитирано во границите на земјата. Готовина од дебитна или кредитна картичка може да подигнете од банкомати во странство подеднакво лесно како што тоа го правите и дома. Готовината ќе ја подигнете од било кој банкомат кој го носи VISA/MasterCard/Maestro логото, во валутата на земјата во која се наоѓате,

    Секоја платежна картичка има дневен и неделен лимит за подигање на готовина од банкомати. За да го дознаете Вашиот дневен/неделен лимит контактирајте со VISA/MasterCard/Maestro центарот на ИК Банка.

  2. Да плаќате за производи/услуги на продажни места во земјата и странство

    Користењето на платежни картички за плаќање на купените производи или услуги е тренд во постојан пораст, како во светот така и кај нас. Наместо да носите пари со себе, голем дел од плаќањата може да ги извршите едноставно со Вашата картичка. Можете да плаќате во бутици, супермаркети, бензински пумпи, ресторани и многу други места на чија влезна врата ќе ги забележите VISA/MasterCard/Maestro логоата.

    ИК Банка Ви овозможува попусти на производите купени со Вашата VISA/MasterCard картичка на сите продажни места со кои Банката има соработка за одобрување на попуст.


Дополнителни корисни информации

  • Проверете го рокот на важност на Вашата картичка месец/година. Кога рокот на важење на Вашата картичка }е истече, Банката автоматски Ви реиздава нова картичка и Ве известува за тоа, Реиздадената картичка може да ја подигнете на крајот на месецот во кој истекува рокот на важење на картичката.
  • Внимавајте на сигурноста на Вашата картичка. Не ја оставајте на видни места од кои може да биде украдена и не ја позајмувајте на други лица.
  • Вашиот PIN код чувајте го на сигурно место. Не го кажувајте никому, дури ни на вработени во Банката или полицијата. Не го чувајте ПИН кодот на исто место со Вашата картичка.
  • Доколку при користење на банкомат три пати по ред погрешно го впишете PIN кодот, Вашата картичка }е ви биде одземена. За да ја добиете назад потребно е да дојдете во просториите на Банката и да поднесете писмено барање за нејзино враќање.
  • Чувајте ги Вашите слипови од купувања и белешки од банкомати – проверете ги со Вашиот банкарски извештај. Доколку некој износ не е точен или доколку забележите некоја трансакција на која не се сеќавате веднаш контактирајте ја Банката.
  • Во продавница. Проверете ги слиповите од купувањето или износот прикажан на ПОС терминалот за да се осигурате дека износот е точен пред да ја потврдите трансакцијата со Вашиот личен потпис или со внес на Вашиот ПИН во ПОС терминалот Осигурајте се дека продавачот ви ја вратил картичката назад заедно со вашиот примерок од слипот од продажбата
  • Купување преку Интернет. Купувајте преку трговци за кои знаете дека се угледни и веродостојни. Никогаш не ги внесувајте податоците за ПИН-от. Осигурајте се дека податоците за вашата картичка се сигурно заштитени пред да бидат пратени преку Интернет. Во долниот дел од web прозорецот треба да има симбол на клуч или катанец што покажува дека податоците се сигурни. Адресата на web страницата од која купувате треба да почнува со https:// не со http://. Пред да извршите купување прочитајте ги политиките за испорака и враќање на производот/услугата кои може да ги најдете на web страницата на трговецот
07.09.2010
eurкуповен 61,35среден 61,55продажен 61,80usdкуповен 47,40среден 47,81продажен 48,80chfкуповен 46,65среден 47,09продажен 48,00gbpкуповен 72,80среден 73,42продажен 75,00