Граѓански сефови
Општи услови за работа со сефови
Што претставува сефот
Сефот претставува посебна преграда со определени димензии која е вградена во посебно безбеден и заштитен дел на Банката и во која закупецот може да држи предмети од вредност и документи.
Како да закупите сеф
Сеф може да закупи правно или физичко лице. При закупот на сефот странката потпишува со Банката договор за закуп на сеф. Идентитетот на странката се утврдува со лична исправа (лична карта или пасош, за странски државјани исклучиво патна исправа) Правно лице при закупување на сеф треба да овласти едно или најмногу две лица за работа со сефот. Договорот за сеф на може да се склучи на шифра или на доносител.
Видови и големина на сефови и ТАРИФА (во ценaтa не е вкалкулиран 18% ДДВ)
|
тип |
димензии (cm.) |
1 месец |
6 месеци* |
12 месеци * |
|
SS-2 |
12.70 x 12.70 x 45.00 |
150 |
750 |
1500 |
|
SS-3 |
7.72 x 27.30 x 45.00 |
200 |
1000 |
2000 |
|
SS-4 |
12.70 x 27.30 x 45.00 |
300 |
1500 |
3000 |
|
SS-6 |
25.40 x 27.30 x 45.00 |
400 |
2000 |
4000 |
* за договор во трање од 6 или 12 месеци и плаќање однапред (цените се во МКД).
Што не смее да се чува во сеф
Во сеф не смее да се чуваат предмети кои се подложни на брзо расипување, радиоактивни, запаливи или експлозивни предмети.
Полномоштво
Закупецот на сеф може да овласти друго полнолетно физичко лице за користење на сефот. Доколку закупецот сака да овласи малолетно физичко лице за користење на сефот, мора на Банката да достави писмена изјава со согласност за располагање со сефот. Полномоштвото престанува да важи ако се отповика или во случај на смрт на закупецот или со раскинување на договорот за закупување на сефот.
Клучеви за сефот
Сефот има два различни клуча. Едниот се дава на закупецот, а вториот останува во Банката. Во случај закупецот да го загуби клучот, мора веднаш и писмено да ја извести Банката.
Загарантирана тајност на податоците
Содржната на сефот е со загарантирана тајност. Податоците за закупецот на сефот се деловна тајна на Банката. Податоците се соопштуваат само по писмено барање на Судот, доколку против закупецот е поведена постапка.
Плаќање закупнина
Износот на закупнината, закупецот е должен да ја плати однапред за дадениот период на закуп и таа зависи од големината на сефот. Во случај на предвремен отказ на договорот за закупување на сеф, закупецот нема право на делумно враќање на однапред платена закупнина.
Доцнење со плаќање закупнина
Во случај закупецот да не ја плати закупнината и после првата опомена, Банката испраќа втора опомена со повратница. Ако закупецот ни по приемот на втората опомена не ја плаќа закупнината, Банката доставува писмен отказ на договорт за закуп на сефот и за последен пат го повикува да ја плати заостанатата закупнина, да го испразни сефот и да го врати клучот. Ако закупецот и покрај тоа не ја плати закупнината и не го врати клучот, Банката доставува на Судот предлог за судско отворање на сефот
Отповикување на договорот за закуп на сеф
Закупецот може да го раскине договорот за закуп доколку закупнината е платена во моментот на раскинувањето.Закупецот мора пред да го испразни сефот да го врати клучот. Банката може да до раскине договорот за закуп на сеф во следниве случаи:
- Доколку закупецот не платил закупнина во рок од еден месец по приемот на првата опомена
- Доколку закупецот чува во сефот предмети кои не смее да се чуваат.
|