Работа со правни лица
Депозити
Кредитирање
Платен промет во земјата
Кредитни линии
Гаранциско работење
Кредитно барање
Вести
СООПШТЕНИЕ
25.06.2010 година
16.03.2010 година
18 Maj 2010 година. ВАЖНО!
22.02.2010 година
03.02.2010 година
ОГЛАС
Скопје, 04.01.2010 година

   Архива на вести

Работа со правни лицаЕкспрес банкарство

Добредојдовте на страницата на електронските сервиси на ИК БАНКА

•  Електронско банкарство
•  E-mail
•  Факс
•  Говорен автомат
•  СМС-пораки 

Електронското банкарство овозможува вршење на услугите во платниот промет преку Интернет за сите физички и правни лица. Овој систем овозможува директна комуникација од Вашиот персонален компјутер со Банката преку Интернет, односно пристап до Вашата сметка во ИК БАНКА АД, Скопје - 24 часа дневно, 7 дена во неделата од било кое место во светот каде што Ви е овозможен пристап на Интернет. Електронскиот сервис овозможува on-line креирање на налози за пренос , следење на процесот за реализација на налозите, постојан увид во состојбата на сметката, автоматско примање на изводите од сметката . Исто така, предвидена е и можноста истовремено да користите повеќе ваши сметки. Во секој момент можете да добиете информација за сите услуги кои се извршени преку апликацијата за електронско банкарство, како и пораки кои се однесуваат на статусот на услугите.
 
- Заштеда на време. Нема потреба повеќе да доаѓате и да чекате на шалтерите на Банката, целиот процес ќе се одвива преку Интернет.
- Поевтини услуги во платниот промет.
- Директна комуникација помеѓу Вас и Вашиот персонален компјутер и Банката која овозможува:   
  • Зголемена сигурност и намалени можности за грешки и неовластен пристап од трети лица (не постои посредување од трет субјект).  
  • Максимална доверливост во комуникацијата помеѓу Банката и клиентот; Банката користи јавни и приватни клучеви во комуникацијата со клиентот, при што точно се утврдува идентитетот на клиентите. Доверливоста е зголемена и со самиот факт што Банката е единствена која ги прима и обработува налозите, односно нема посредници во комуникацијата. 
  • Личниот идентификациски број (лозинката) ја знае единствено клиентот. Оваа информација не им е позната на службениците во Банката ниту на трети лица, што значи дека само клиентот има пристап до сметката за која користи електронско банкарство.

За да ja користите услугата Е-Банкарство, кликнете на линкот https://e-banking.ikbanka.com.mk/registration/

Минимум потребна конфигурација која треба да ја поседува компјутерот на корисникот за да му се овозможи пристап до Е-Банкарство на ИК БАНКА е било кој оперативен систем и следните интернет прелистувачи:
•  Internet Explorer (5.0 , 6.0), Mozzila Firefox 1.7 или  Netscape Navigator 6.2

E-mail како дел од услугите во состав на електронските сервиси на ИК БАНКА Ви овозможува увид во трансакционите промени еднаш во текот на денот по затворањето на платниот промет во земјата, во однапред закажан термин (привремен извод), и/или дополнително за сите настанати приливи и/или одливи од Вашата сметка што ја имате кај ИК БАНКА .
За пристап до оваа услуга пополнете го формуларот кој можете да го симнете тука.

Факс услугата исто така ви овозможува увид во состојбата на Вашата сметка и трансакционите промени кои настанале во текот на работниот ден. Изводот со состојбата на сметката и промените ќе го добиете по факс, по затворањето на платниот промет, или на ваше барање по телефон (привремен извод).
За пристап до оваа услуга пополнете го формуларот што можете да го симнете тука.

Говорниот автомат ќе Ви овозможи во секој момент од денот да ја чуете состојбата на Вашата сметка, последниот прилив и одлив или пак да порачате конечен, привремен или архивиран извод што ќе го добиете на факс.
За пристап на оваа услуга пополнете го формуларот што можете да го симнете тука.

СМС пораки сервис ги поддржува следните документи:
•  состојба на сметката по однапред утврден термински план за дадена сметка;
•  состојба на сметката по барање на корисникот;
•  извештај за прилив и
•  извештај за одлив.

За дополнителни информации обратете се во Дирекцијата за платен промет во земјата.
Телефон : 02/ 3133-340 и 3135-405
Лица за контакт: Сашка Костовска Длака, Радмила Крстевска и Соња Стефаноска

03.09.2010
eurкуповен 61,35среден 61,66продажен 61,80usdкуповен 47,35среден 48,10продажен 48,85chfкуповен 46,85среден 47,60продажен 48,00gbpкуповен 73,00среден 74,04продажен 75,10