Вести
СООПШТЕНИЕ
25.06.2010 година
16.03.2010 година
18 Maj 2010 година. ВАЖНО!
22.02.2010 година
03.02.2010 година
ОГЛАС
Скопје, 04.01.2010 година

   Архива на вести

 

СООПШТЕНИЕ

ИК БАНКА отвори нова Експозитура на Аеродромот “Александар Велики”

Уште еден чекор поблиску до клиентите

Скопје, 27.07.2010 год.

Следејќи ја својата стратегија континуирано да биде чекор поблиску до своите клиенти, ИК БАНКА отвори нова Експозитура на Аеродромот “Александар Велики” во Скопје.

Преку новата Експозитура на Банката, на правните и физички лица ќе им бидат на располагање сите производи и услуги на Банката: штедни влогови, платен промет во земјата и станство, електронско банкарство, кредитирање на правни и физички лица, трансакциски сметки, менувачко работење, Western Union - брз трансфер на пари, Visa, MasterCard и Maestro платежни картички, е-комерц и друго.

Дистрибутивната мрежа на филијали и експозитури ширум земјата, сега брои вкупно 20 локации распоредени во 11 градови.

ИК БАНКА во првата половина од оваа година ја зголеми својата актива за 28%. Во овој контекст ИК БАНКА продолжува да се развива и расте, а до крајот на оваа година планирано е отворање на дополнителни Филијали/Експозитури во државата.

ИК БАНКА ќе продолжи со силната поддршка на сите сегменти од македонската економија, почнувајќи од население и микро бизниси, преку малите и средни претпријатија, до големи корпорации и проекти. ИК БАНКА постојано инвестира во нови производи, услуги и технологија со цел да постави стандарди на услуги за клиентите на повисоко ниво, давајќи поддршка на македонската економија со поволни кредитни можности. Преку нејзините стандарди за висок квалитет, ИК БАНКА покрај македонските субјекти се стреми да биде Банка на избор и за меѓународните инвеститори.

03.09.2010
eurкуповен 61,35среден 61,66продажен 61,80usdкуповен 47,35среден 48,10продажен 48,85chfкуповен 46,85среден 47,60продажен 48,00gbpкуповен 73,00среден 74,04продажен 75,10