ИСТОРИЈА
Банка со јасно дефинирана деловна стратегија
Извозна и Кредитна Банка АД, Скопје (ИК Банка) беше основана на 15.03.1993 година како Акционерско друштво. Согласно Одликата бр. 02-15/х-5/93 од Народна Банка на Р. Македонија (НБРМ) Банката се здоби со дозвола вршење на сите видови банкарски работи во Р. Македонија. ИК Банка на домашниот пазар е позната под нејзините македонски официјални бренд називи “Извозна и Кредитна Банка АД, Скопје“, односно “ИК Банка“.
ИК Банка е универзална банка за вршење на сите видови банкарски работи во Р. Македонија, со доминантна активност во работа со депозити, кредитирање на правни лица и население, девизно-валутни работи, платен промет во земјата и странство, инструменти со фиксен принос, гаранции и акредитиви. Банката работи под јурисдикција на Р. Македонија.
Од своето основање, Банката бележи значителни остварувања и развој во македонската банкарска индустрија. Во своето работење ги воведе Меѓународниот систем за управување со квалитет EN ISO 9001:2000 и стандардот за управување со информациона сигурност ISO 27001:2005, со што стана прва банка во Македонија сертифицирана со овие престижни стандарди за работа. ИК Банка, исто така, е прв агент во Р. Македонија за Western Union Money Transfer од САД, за услуги на брз трансфер на пари од и кон земјата и странство.
Банката има широка меѓународна мрежа, која вклучува кореспонденциска поврзаност со 339 банки и отворени сметки во 17 странски банки.
Како една од средните по големина банки во државата, според класификацијата од НБРМ, ИК Банка е афирмирана и препознатлива како банка за поддршка на развојот на микро, мали и средни претпријатија на македонскиот пазар. ИК Банка остварува долгорочна соработка со меѓународни финансиски институции при обезбедуање на долгорочни фондови за развој на македонската економија.
Меѓу овие меѓународни финансиски институции, European Bank for Reconstruction and Development (EBRD) од месец мај во 2000 година може да се издвои како мнозински акционер и како значаен бизнис партнер за унапредување на организацискиот развој на Банката кон меѓународните стандарди во годините кои следуваат.
Со досегашниот развој во однос на обемот на деловниот волумен и унапредување на конкурентското окружување во македонската економија, ИК Банка почна да привлекува внимание на меѓународните банки за потенцијални инвестициски можности. Согледувајќи дека постоечката поделена структура на акционери може да го забави развојот на Банката предвиден во потенцијални размери и разновидноста на активностите во иднина, акционерите на Банката одлучија да ги разгледаат можностите за склучување на долгорочно стратешко партнерство со сериозна финансиска институција. Основната цел беше консолидацијата на акционерската структура и обезбедување на понатамошна финансиска поддршка и know-how за Банката при нејзиниот развој, како што беше назначено во минатите стратешки планови.
Кон крајот на предвидените процеси, Demir-Halk Bank (Nederland) N.V. (DHB Bank) беше одбрана од страна на предходниот менаџмент на Банката како кандидат, иден мнозински акционер.
Во таа насока, на 16 Мај 2008 год. DHB Bank потпиша Договор за откуп на акции преку здружување со предходните акционери, претставувајќи мнозински акционер на Извозна и Кредитна Банка АД, Скопје. Со понатамошното комплетирање на потребните процедури и потврда на банкарското овластување во Холандија и Р. Македонија, пренесувањето на акциите беше извршено меѓу конзорциум и DHB Bank, што конечно резултираше со трансфер од 66.56% од акциите од ИК Банка на DHB Bank.
|