Скопје, 04.01.2010 година
Поддршка за стопанството и во месец јануари
Заради успешна релизација на бизнис кредити
Понудата за бизнис кредити со исклучително поволни услови што ИК Банка ја пласираше во декември, ќе биде достапна и во јануари оваа година. Заради големата успешна реализација, интересот од претпријатијата и барањата од клиентите на Банката, кредитите за микро, мали и средни фирми ке се пласираат и овој месец. Ова е добра можност сите заинтересирани правни лица да аплицираат и да користат исклучително поволни бизнис кредит за основен капитал, обртни сретства (работен капитал) или комбинирано. Каматната стапка е определена на 8% годишно, додека административната провизија за обработка на кредитите Банката нема да ја наплатува. Периодот за користење е до две години, а грејс перодот може да се користи во период до една година. Карактеристично е дека каматната стапка е фиксна за сите износи и не зависи од висината на кредитот или намената. Висината на максимален кредит е до 100.000 евра, во денарска противвредност. ИК Банка ги пласира овие кредити со цел да ги поддржи македонските компании. ИК Банка е лидер во финансирање на МСП и ќе продолжи со својата поддршка на овој сегмент со нови и соодветни производи. Средсвата за овие пласмани на Банката се обезбедени во соработка со ЕФЈЕ (EFSE - Европски фонд за Југоисточна Европа).. Овој месец заинтересираните може да аплицираат и во новоотворената Филијала во Тетово. |