Трансакциски сметки
Право на отворање на трансакциска сметка имаат сите полнолетни граѓани на Р. Македонија. Нерезидентите исто така можат да отворат трансакциска сметка и истата подлежи на регулатива за водење и работење со сметки на нерезиденти. За лицата кои не се полнолетни задолжително е присуство и идентификација на родител или старател.
Услов за отворање на трансакциска сметка е поднесување на барање за отворање на трансакциска сметка и презентирање на валиден документ за лична идентификација од кој Банката задржува фотокопија.
Резидентите можат да располагаат со средствата на својата трансакциска сметка во секој момент преку дебитна картичка од брендот VISA и Maestro, како и преку услугата е-банкарство.
Резидентите кои се полнолетни лица што остваруваат примања од редовен работен однос, од извршување на слободна професионална дејност и примања по основ на пензија, со лична уплата и достава на обезбедување и/или жиранти имаат право да поднесат барање за одобрување на дозволено пречекорување на трансакциската сметка. |