Работа со правни лица
Депозити
Кредитирање
Платен промет во земјата
Кредитни линии
Гаранциско работење
Кредитно барање
Вести
СООПШТЕНИЕ
25.06.2010 година
16.03.2010 година
18 Maj 2010 година. ВАЖНО!
22.02.2010 година
03.02.2010 година
ОГЛАС
Скопје, 04.01.2010 година

   Архива на вести

Работа со правни лицаПлатен промет во земјата

Општо за платниот систем и платниот промет во земјата

За да функционира платниот промет како систем потребно е да има своја сопствена инфраструктура. Тој претставува збир на инструменти и процедури кои заедно со изградената инфраструктура служат за пренос на пари и е од големо значење за сите економски субјекти бидејќи овозможува брзо и ефикасно извршување на плаќањата во националната економија.

На врвот на платниот систем е Централната банка (НБРМ), која ги води сметките на депозитните институции - банките и сметките на буџетските корисници. На следното ниво се банките кои ги водат сметките на останатите правни и физички лица. Сметките се водат децентрализирано - секоја банка за своите клиенти. За извршување и промптно порамнување на плаќањата со големи вредности (над 1.000.000,00 ден) и итните плаќања помеѓу банките се користи системот на Централната банка. За пребивање на плаќањата со мали вредности се користи специјализирана институција - Клириншка куќа-клириншки Интербанкарски Ситеми, а резултатите од пребивањето подоцна се порамнуваат во системот на Централната банка.

Платниот систем во Република Македонија е составен од следните потсистеми:

  • МИПС (Македонски интербанкарски платен систем) - Систем за бруто порамнување во реално време (РТГС) за обработка на плаќањата со голема вредност и итните меѓубанкарски плаќања.
  • Клириншки Интербанкарски Системи - КИБС - Систем за одложено нето порамнување (ДНС) за обработка на плаќањата со мала вредност.
  • Интерните платни системи на банките- за плаќања помеѓу клиентите депоненти во рамките на една иста банка овие плаќања се извршуваат во моментот на обработката на налогот за плаќање.

Овие потсистеми се функционално поврзани и сите нивни активности се одвиваат со однапред дефинирани начини на функционирање и по строго утврден термински план.             Платниот промет во банките е еден од потсистемите на Платниот систем на националната економија. Со донесувањето на новиот Закон за платен промет во средината на 2001 година (Сл. весник бр.32/2001, 50/2001 и 52/2001) се пристапи кон трансформација на Платниот промет во Република Македонија. Имено со донесувањето на овој закон банките станаа носители на платниот промет, а Заводот за платен промет (ЗПП) кој функционираше до 31.12.2001 година престана да постои како таков. Периодот од 31.07.2001 година до 31.12.2001 година беше даден како период за миграција на сметките на учесниците во платниот промет од ЗПП во деловните банки.

Со Законот за трансформација на Платниот промет секоја од деловните Банки требаше да се здобие со дозвола за вршење на платен промет во земјата, како носител на платниот промет. Во согласност со овој Закон ИЗВОЗНА И КРЕДИТНА БАНКА АД, Скопје се здоби со дозвола за вршење платен промет во земјата и заклучно со 31.12.2001 година изврши миграција на 95% од сметките на своите депоненти од ЗПП, а со тоа беше една од водечките банки во Република Македонија со толкав процент на успешна миграција на своите депоненти. Сметките на останатите депоненти на Банката кои не успеаа да се мигрираат до определениот рок (31.12.2001 година) по пат на автоматизам беа префрлени во Агенцијата за блокирани сметки на Република Македонија. Во понатамошниот период продолжи постојаниот пораст на депонентите на ИЗВОЗНА И КРЕДИТНА БАНКА АД, Скопје така што заклучно со 31.12.2002 година бројот на истите три пати се зголеми. 

03.09.2010
eurкуповен 61,35среден 61,66продажен 61,80usdкуповен 47,35среден 48,10продажен 48,85chfкуповен 46,85среден 47,60продажен 48,00gbpкуповен 73,00среден 74,04продажен 75,10