25.06.2010 година
ИК Банка доби два нови сертификати
“МастерКард” во исто време ја сертифицираше Банката и за прифаќање на плаќања и преку ПОС терминали и е-комерц сервисот, а “СГС” ја ресертифицираше за стандардот за квалитет ИСО 9001:2008
ИК БАНКА е првата Банка во Македонија која издаде ВИСА Голд платежна картичка, втора која издаде ВИСА платежна картичка и прва која доби лиценца за практикување на современиот сервис е-комерц, односно прифаќање и процесирање на трансакции со ВИСА платежни картички преку веб.
Пред околу една и пол година ИК БАНКА започна со издавање на МастерКард и Маестро, а сега по краткиот тест период, Банката е лиценцирана за прифаќање и процесирање на трансакции и на МастерКард преку мрежата на ПОС терминали инсталирани кај трговци кои практикуваат ваков начин на платен промет, како и можност за користење на е-комерц сервисот. Со оваа нова можност трговците корисници на ПОС терминали од ИК БАНКА, како и оние кои ја користат услугата е-комерц, освен платежните картички од брендот ВИСА и од сите домашни банки кои што издаваат небрендирани платежни картички со ознаките на ВИСА или Мастер, а кои со Банката имаат склучено договори за прифаќање, од сега ќе можат да ги прифаќаат и платежните картички со ознака МастерКард и Маестро.
Идните планови на ИК БАНКА се насочени кон континуирани новитети во областа на картичното работење. Во следниот период Банката планира да ја прошири мрежата на банкомати и ПОС терминали, да ги унапреди можностите на овој вид сервиси, а воедно и да го унапреди задоволтото на правните и физички лица корисници на електронско банкарство. Банката во иднина ќе продолжи со развој на иновативни производи и услуги, кои ќе бидат фокусирани кон потребите на постојните и потенцијалните клиенти.
ИК БАНКА е прва во банкарскиот сектор во Македонија, која во своето работење го воведе Меѓународниот стандард за управување со квалитет ЕН ИСО 9001:2000, а сеуште е единствена која го практикува стандардот за управување со информациона сигурност ИСО 27001:2005. Воведувањето на новиот стандард за квалитет ИСО 9001:2008 уште еднаш го потвди применувањето на стандардот за квалитет со соодветниот начин на работа, при што се унапредува системот на работење, понудата на поквалитетни производи и сервиси, а оттука и поголемо задоволството за клиентите, кое во ИК БАНКА велат дека е стратешки интерес со приоритетно значење. Со ова Банката ја одржува лидерската позиција на пазарот како Банка со значителен развој. Сертификацијата е извршена од одитори во име на СГС Велика Британија Лтд., според УКАС.
|