03.02.2010 година
ИК Банка доби нова кредитна линија
ИК Банка доби нова кредитна линија во вредност од 15 милиони евра од својот принципал Demir-Halk Bank
ИК Банка објави денес дека е поддржана со 15 милиони евра од страна на нејзиниот стратешки инвеститор [Demir-Halk Bank (Nederland) N.V.]- Демир Demir-Halk Bank (Nederland) N.V., во вид на нова кредитна линија.
Надзорниот одбор на Demir-Halk Bank ја одобри линијата за ИК Банка со цел да се користи за кредитирање, како на малите и средни претпријатија, така и за големите стратешки клиенти во Македонија. Кредитната линија почетно е одобрена на 24 месеци, но по потреба и барање на ИК Банка истата ќе биде продолжена.
Demir-Halk, чија вкупна актива изнесува 2 милијарди евра, ја покажа и потврди својата подготвеност за поддршка на ИК Банка во наредниот период, преку зголемување на износот на кредитите наменети за ИК Банка, како неопходни за нејзиниот континуиран развој и раст. Менаџментот на ИК Банка ценејќи ја силната поддршка, потврдува дека Банката преку својот силен биланс, како и капацитетот и погодностите кои ги нуди Demir-Halk Bank, ќе продолжи да ја финансира македонската економија со нови кредити, активности и производи. Иако кампањата на ИК Банка за “Лесен кредит” заврши во јануари, од ИК Банка веќе информираат за воведување на уште поголема кампања во текот на февруари што ќе овозможи уште “полесни кредитни” можности за малите и средни претпријатија, корпорациите и населението, преку пониски каматни стапки и без надомест.
|