Работа со население
Штедни влогови
Кредитирање
Платен промет во земјата
Платен промет во странство
Трансакциски сметки
Western Union
Сефови
Хартии од вредност
Вести
СООПШТЕНИЕ
25.06.2010 година
16.03.2010 година
18 Maj 2010 година. ВАЖНО!
22.02.2010 година
03.02.2010 година
ОГЛАС
Скопје, 04.01.2010 година

   Архива на вести

Western Union

БРЗ ТРАНСФЕР НА ПАРИ (WESTERN UNION)

Western Union е најбрз начин да испраќате, односно да примате пари.

ИЗВОЗНА И КРЕДИТНА БАНКА АД, Скопје е овластен агент на Western Union за територијата на Р. Македонија.

Western Union во Македонија работи исклучиво со EUR и USD.

Парите се примаат истиот момент откако ќе се испратат. Притоа за Western Union се користи најсовремена технологија и единствена компјутерска мрежа развиена низ целиот свет, за моментна исплата во повеќе од 200  земји и во повеќе од 370 000 локации  ширум светот.

Испраќање пари:

1. Едноставно дојдете во една од локациите на ИК БАНКА или нејзините под агенти (Комерцијална Банка, Зираат Банка, Статер Банка)  и пополнете го формуларот за испраќање на пари.
2. Предадете го пополнетион формулар на операторот за што добивате потврда со контролен број.
3. Известете го примачот за трансферот (кој ги праќа парите, колкава сума и задолжително соопштете го контролниот број).
4. Парите можат да бидат исплатени истиот момент на личноста која сте ја назначиле за примач.

Примање на пари:

1. Потврдете дека парите се пратени преку агент на Western Union.
2. Испраќачот треба да ве извести за тоа кога ги пратил парите и колкав е износот.
3. Откако сте известени за трансферот, дојдете во една од локациите на ИК БАНКА или нејзините под агенти (Комерцијална Банка, Зираат Банка,Статер Банка) во Скопје, Битола, Прилеп, Ресен, Неготино, Гевгелија, Струмица, Св. Николе, Куманово, Охрид,  Струга, Кратово, Штип, Пробиштип, Крива Паланка,  Кочани, Тетово, Гостивар, Кичево, Табановце, Деве Баир, Велес, Делчево, Кавадарци, Виница, Македонски Брод и Богданци , Пехчево, Дебар , Македонска Каменица.  Потврдете ја својата идентификација и пополнете го формуларот за подигање пари.
4. Доколку податоците од трансферот се совпаѓаат со податоците од личната идентификација, а притоа и контролниот број е точен, парите ќе ви бидат исплатени истиот момент.
Документи за идентификација  со кои  можете да подигнете или испратите средства се исклучиво важечка лична карта или пасош за резиденти односно само важечки пасош за нерезиденти.

Трансферот нема да биде спроведен доколку:

1. Документот за идентификација е со изминат рок
2. Податоците во системот и оние што се запишани на формуларот не се совпаѓаат
3. Трансферот не е на ваше име
4. Во податоците за име и презиме недостасува или е допишано  уште едно презиме ( доколку имате две презимиња  или татково име )

Законски ограничувања

1. Максимален износ кој може да се испрати од Македонија кон друга земја е 2.500,00 евра од едно физичко лице во еден месец

2. Максимален износ кој може да се подигне во Македонија е 5.000,00 евра дневно од едно физичко лице

НАПОМЕНА:

Доколку парите ги подигнете / испратите од било кое друго место, надвор од наведените локации, ИЗВОЗНА И КРЕДИТНА БАНКА не сноси никаква одговорност ниту пак прима каква и да е рекламација за тој трансфер.

За повеќе информации обратете се на 02/ 31 31 889


 

03.09.2010
eurкуповен 61,35среден 61,66продажен 61,80usdкуповен 47,35среден 48,10продажен 48,85chfкуповен 46,85среден 47,60продажен 48,00gbpкуповен 73,00среден 74,04продажен 75,10